Ставрев денеска во Битола за последен пат судеше на натпревар во мак – фудбалот!

691

Александар Ставрев, еден од нашите најдобри судии, ако не и најдобар во самостојна Македонја, денеска го отсуди својот последен меч во кариерата во ПМФЛ и тоа во Битола, каде ја делеше правдата меѓу Пелистер и Беса.

Поради возраста Ставрев, иако сеуште во добра форма, мора во судиска пензија. Тој е судијата кој имаше постојано европски “задачи“, човек со свој авторитет, судија пример како треба да се однесуваат помладите и сите оние кои сакаат да бидат на негово рамниште.

Јасно е дека ниту еден судија не може без грешки, но Ставрев е еден од оние кои никогаш не бил познат по тоа што ги правел намерно.

Повеќе од јасно дека Судиската организација тешко дека ќе може да го пополни неговото место, барем во блиска иднина.

ПретходноРаниери: Тим како Аталанта знае како да казнува!
СледноБелград ја загуби битката: Ф4 во Евролигата во Абу Даби!