Тежок криминал на Маџари: Зарем ова не е пенал за Гостивар на дербито со Силекс?! (ВИДЕО)

993

Јасно е дека некогаш и судиите можат да погрешат ама ненамерно. А кога е се греши намерно, тогаш тоа е ТЕЖОК КРИМИНАЛ. Она што се случи денеска на Маџари, каде во дербито Гостивар беше драматично и драстично оштетен за чист пенал на мечот со Силекс, е тоа го нема никаде. Да кажеме дека мечот заврши со резултат 0:0.

Каде ли гледаше судијата Марјан Младеновски кога еден фудбалер на кратовци играше со рака во својот шеснаесетник? Тоа се виде од “авион“, но тој што требаше да го види едниоставно не сакаше да го види.

Ова е режија на Младеновски, но секако и на Комесарот за делегирање на судии Марјан Ристевски.

Овој недосуден пенал веројатно ќе го чини Гостивар есенска титула, додека Силекс си “лапна“ бод, незаслужено. Тука мислиме на тоа дека кратовци добија судиска помош со овој недосуден пенал за Гостивар.

Ако ова не е пенал тогаш навистина што е?!

Уште еднаш. Ова е ТЕЖОК КРИМИНАЛ!

ПретходноАлонсо пред утрешниот меч со Висла: Се надевам на победа!
СледноДробаров стрелец за Черно Море во убедливата победа над Локомотив (С)!