ФИФА одбра кој каде оди за клупскиот Мундијал

107

ФИФА предмалку ги објави шеширите по повод ждрепката за новиот формат од клипскиот Мундијал за 2025 година. Истиот ќе има сосема нов изглед за многумина контроверзен, но тоа не и пречи на ФИФА да ја „тера“ постапката и организацијата на истиот.

Официјалната ждрепка за групите ќе се одржи во четврток, а од денеска е познато кој клуб во кој шешир припаѓа.

Па така, како што е и логично во првиот, најсилен шешир се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн, Пари Сен Жермен, Фламенго, Палмеирас, Ривер Плата и Флуминенсе. Следуваат Челзи, Борусија Дортмунд, Интер, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург во шеширот два.

Според силината ФИФА смета дека во третиот шешир треба да се Ал Хилал, Улсан, Ал Ахли, Видал, Монтереј, Леон, Бока Јуниорс и Ботафого, додека на крајот остануваат Урава Редс, Ал Аин, Есперанца Тунис, Мамелоди Сандаунс, Пачука, Сиетл Саундерс, Оукленд Сити и Интер Мајами.

Ваквиот начин на одигрување на овој турнир ќе дебитира во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година.

ПретходноЕП 2024: Сара Ристовска го има вториот најубав гол на денот! (ВИДЕО)
СледноЕП 2024: Петковска во Топ-5 одбрани на денот! (ВИДЕО)