Само едно полувреме не беше доволно за изненадување. Кошаркарите на Работнички го претрпеа и петтиот пораз во АБА 2 лигата, откако вечерва на гости кај екипата на Сутјеска беа поразени со 94:75.
Играта во првото полувреме даде надеж дека Работнички може да се надева на изненадување, но очигледно вториот дел и начинот на кој завршија овие два периоди ги оставија нашите претставници без шанси за успех. Сутјеска беше подобар противник и на крајот и преубедливо го доби овој меч.
Капетановиќ со 18 поени беше најефикасен во составот на Работнички, додека Ефремовски постигна 15. Кај Сутјеска, Баровиќ и Старовлах средбата ја завршија со по 24 постигнати поени.