Ал-Келаифи демантира: Не сме во преговори со Салах!

91

Пари Сен Жермен никогаш не размислувал да го ангажира Мохамед Салах, изјави претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.

Салах влегува во последните месеци од договорот со Ливерпул и е на пат да си замине од „Енфилд“ на крајот од сезоната. Тој неодамна откри дека „црвените“ сè уште не му понудиле нов договор и призна дека е „повеќе надвор отколку внатре“ .

Француски „Л’Екип“ тврди дека претставниците на Салах разговарале со ПСЖ за потенцијален трансфер, но Ал-Келаифи ги отфрли озборувањата.

„Тоа не е вистина“, рече тој во изјава за „Скај Спортс“.

„Тој е фантастичен и неверојатен играч, но никогаш не сме го разгледувале, да бидам искрен. Знаеме дека секој клуб би сакал да го има, но оваа гласина за нас едноставно не е точна“, дополнил.

ПретходноБарса со Јамал е нешто сосема друго: „Петарда“ за Мајорка (ВИДЕО)
СледноАБА 2: Работнички рамноправен само едно полувреме на гостувањето кај Сутјеска