Уште едно одлично издание на Работнички и трета победа во низа во последните три кола и тоа денеска во Струмица, кај Брера со 1:3. Тоа беше меч на кој имаше ревија на прекрасни голови, убав меч за играње, кој Работнички го доби и тоа како убедливо.
По мечот стратегот на тимот од „Дебар Маало“, Горан Станиќ имаше што да каже за “СпортСпорт“:
“Честитки за нашите фудбалери на победата, она што се договорвме пред мечот во целост го исолнија, честитки и за домашните играчи. Сакам да кажам дека победивме убедливо, заслужено, но не беше баш така лесно како што кажува резултатот. И Брера си имаше свои шанси, одигра добро и затоа упатувам честитки за струмичани. Тежок меч за играње, но ете ние успеавме подобро да се снајдеме на теренот во Струмица и да освоиме големи и екстра значајни три бода“ истакна Станиќ.