Марсел Хиршер ги скина лигаментите, можно е да стави крај на кариерата

57

Осумкратниот освојувач на Светскиот куп во скијање, Марсел Хиршер се збори со сериозна повреда на еден од последните тренинзи. Ги скина лигаментите на коленото во ски центарот Реитералм, па со оглед на неговата возраст од 35. години воопшто не е јасно дали некогаш повторно ќе го видиме како активен скијач или неговата кариера е готова.

Во моментов тоа не може никој да го потврди или пак демантира, почнувајќи од самиот Хиршер. Тој секако дека сега заминува на операција, па на рехабилитација која што дефинитивно го оддалечува од терените за сезонава. А што се однесува до идната тоа допрва ќе видиме.

„Како што е тоа чест сучај во скијањето ваквиот вид на повреди се чести. Можеби конечни завршив со своето патување. Јас за прв пат се среќавам со оваа ужасна тема на вкрстените лигаменти која што намачи многу скијачи“ – изјави Хиршер.

 

ПретходноСензационално: Меси се враќа во Европа?! Ама, не во Барса….
СледноПолувреме: Без голови на дербито во Маџари, Тиквеш со водство, убедливи Работнички и Шкупи!