Нојер доби прв црвен картон во кариерата, Баер (Л) го елиминираше Баерн во Купот (ВИДЕО)

205

Бранителот на титулата во Купот на Германија, екипата на Баер (Л) успеа да го елиминира големиот конкурент Баерн (М) во осминафиналето од ова натпреварување оваа сезона. Вечерва во Минхен на „Алијанц Арената“, актуелниот шампион со минимални 1:0 славеше над домашниот состав и успеа да се најде меѓу осумте најдобри состави во Купот на Германија и оваа година.

Клучен момент на средбата беше 17. минута, кога искусниот голман на Баерн (М), Мануел Нојер, направи сосема непотребен прекршок надвор од шеснаесетникот, по што главниот судија му покажа пат кон соблекувалната. Ова беше прв црвен картон кој Нојер го добил во својата кариера.

Моментот на одлука сепак дојде со голот на Теља во 69. минута со кој „фармацевтите“ обезбедија победа и четвртфинале.

Во четврфинале одат и Вердер кој вечерва со гол во судиското продолжение на домашен терен славеше со 1:0 против Дармштад, а претходно Арминија (Б) со 3:1 го победи Фрајбург, додека Штутгарт со 0:3 беше подобар на гостувањето кај Јан Регензбург.

ПретходноШортс со ново МВП издание за нова победа на Париз
СледноМилан го растури Сасуоло за четвртфинале во италијанскиот куп