Македонија – Црна Гора 1:5 е епилогот од денешниот пријателски меч во Скопје меѓу најдобрите женски селекции на двете земји. По триумфот од 3:2 на првиот меч пред три дена, денеска гостите од Црна Гора беа далеку подобри и успеаја убедливо да слават.
За Македонија голот го постигна Максути за 1:2, додека за Црна Гора головите ги постигнаа Дурдевац, Куц, Ѓоковиќ…
Ова беше уште една убава шанса за селекторот Александар Андов да ја провери моменталната форма на своите избранички.