ФИФА предмалку ги објави шеширите по повод ждрепката за новиот формат од клипскиот Мундијал за 2025 година. Истиот ќе има сосема нов изглед за многумина контроверзен, но тоа не и пречи на ФИФА да ја „тера“ постапката и организацијата на истиот.
Официјалната ждрепка за групите ќе се одржи во четврток, а од денеска е познато кој клуб во кој шешир припаѓа.
Па така, како што е и логично во првиот, најсилен шешир се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн, Пари Сен Жермен, Фламенго, Палмеирас, Ривер Плата и Флуминенсе. Следуваат Челзи, Борусија Дортмунд, Интер, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург во шеширот два.
Според силината ФИФА смета дека во третиот шешир треба да се Ал Хилал, Улсан, Ал Ахли, Видал, Монтереј, Леон, Бока Јуниорс и Ботафого, додека на крајот остануваат Урава Редс, Ал Аин, Есперанца Тунис, Мамелоди Сандаунс, Пачука, Сиетл Саундерс, Оукленд Сити и Интер Мајами.
Ваквиот начин на одигрување на овој турнир ќе дебитира во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година.