Челниците на ОФМ на јубилејна свеченост во Љубљана

42

Претседателот на Одбојкарската Федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски беа дел од многубројните делегации кои во Љубљана на свечена церемонија ја прославија 100-годишнината на Одбојкарската Федерација на Словенија.

На церемонијата присуствуваа и првиот човек на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), Фабио Азеведо, како и претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Роко Сикириќ, поранешниот предводник на ЦЕВ, Александар Боричиќ, како и голем број на истакнати спортски и одбојкарски работници и словенечки легенди.

Обележувањето на столетието на одбојката во Словенија, Јовановски и Деспотовски го искористија за зацврстување на веќе одличната соработка меѓу двете Федерации, но и за планови за понатамошни заеднички активности.

ПретходноПолувреме: Без голови на дербито во Маџари, Тиквеш со водство, убедливи Работнички и Шкупи!
СледноПријателска: Македонија убедливо поразена од Ц. Гора!