Ѓоргиев со 25 поени и 4 аса втор најдобар поентер во 11. коло во Турција

63

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, имаше одличен настап во последното коло од турската одбојкарска Суперлига. Неговиот Туршад, сепак, беше поразен на домашен терен од екипата на Џизре со 2:3, а Ѓоргиев мечот го заврши со 25 поени.

Ова беше второ најдобро остварување во турската лига за ова коло. Покрај овие 25 поени, Нико имаше и 4 поени реализирани со ас-сервиси.

Туршад се уште е во долниот дел на табелата во турското првенство со три победи по досегашните 11 кола.

ПретходноНово Мурињо „шоу“ во Турција (ВИДЕО)
СледноИнтер ги собра сите почести во Серија А