Македонскиот фудбалски ПМФЛ шампионат денеска на програмата ќе ја има 17. епизода. За волја на вистината со два дена задоцнување поради одложувањето од страна на ФФМ. Истото требаше да се одигра викендов, поточно во неделата, но беше одложено за денеска.
Па така, во меѓутермин и без публика денеска прволигашите ќе ги одмерат силите во неколку дуели вредни за споменување.
Дербито секако е во Скопје, каде на „Борис Трајковски“, домаќинот Гостивар го пречекува Силекс. Две екипи кои се на делба на првото место на табелата со по 33. бода. Гостивар направи екстра екипа, и заслужено е на врвот, но Силекс игра игра одлично есенва, победи се што беше пред него како ривал и исто колку и денешниот противник заслужува да е онаму каде што е.
Вардар го пречекува Тиквеш
Во сосема поинаква улога од горенаведените се екипите на Вардар и Тиквеш. На Арената Тодор Проески, Вардар го пречекува последнопласираниот тим на табелата во битката за бодови кои живот значат во моментов. Избраниците на тренерот Гоце Седлоски имаат императив пред себе на победа за да можат полесно да влезат во последното коло и гостувањето токму кај Силекс. Тиквеш пак кд друга страна има огромен проблем со ефикасноста сезонава, па Ѓорѓи Мојсов и неговите избраници се надеваат дека истиот ќе го решат конечно на најубавиот терен во државава.
Шкупи на Чаир ќе ја пречека Струга
Третиот дуел кој ќе се игра во Скопје е оној на Чаир каде што Шкупи ќе ја пречека Струга Трим Лум. Турбуленциите во таборот на Шкупи на организациски план се преселија на резултатски, па тимот нема победа пет кола. Тоа значи дека денеска ќе се оди на три бода, без оглед на се. Гостите пак ќе се обидат да останат непоразени на тешкото гостување и да останат во игра за самиот врв.
17. коло ПМФЛ Шампионат 13:00 часот
Двојки:
Брера – Работнички
Гостивар – Силекс
Пелистер – Беса
Шкупи – Струга
Вардар – Тиквеш
Воска – Шкендија