Уре од 20:45 часот, во меч од 10.коло во ракометната Лига на Шампионите, македонскиот првак, тимот на Е. Пелистер го дочекува составот на Висла Плоцк.
Во пресрет на овој натпревар од групата А, попладнево тренерот на битолчани Раул Алонсо имаше што да каже за претстојниот меч во елитната ракометна лига во Битола:
“Јасно е дека Висла има тим да сигне далеку во ЛШ. Висла е голем проект и не само во Полска. Треба да се каже дека во моментов не се таму каде што би требало да бидат. Играме пред своите фанови и за нас овој меч е клучен. Токму нашите фанови се клучот на успехот на нашиот тим. Ако сакаме добар резултат мораме да биде добри уште на стартот од овој меч. Пред нас се 60 минути во кои ќе се обидеме да одиграме квалитетно. Одиме чекор по чекор, задоволен сум од екипата, од работата на момците и се надевам дека ќе резултира со победа на утрешниот меч. Висла не е непобедлива“рече покрај другото стратегот бна нашиот шампион.