Толку да се немало среќа. Ова секако по мечот со Тиквеш се прашуваа сите во таборот на Вардар. Посебно ова се однесува на последните минути од средбата која заврши 1:1, кога домашниет фудбалери пропуштија да реализираат неколку зицери. Да не говориме дека претходно Донгмно место да му асистира на осамениот Омерагиќ, секако дека тоа ќе беше гол, тој се одлучи сам да решава и погреши.
Од друга страна Тиквеш водеше, имаше и шанси во првиот дел, но реално Вардар може и треба да жали за останатите два бода.
Со ова реми кавадарчани и натаму се последни на табелата а Шкендија се врати на лидерската позиција по ремито на Маџари каде играа Гостивар и Силекс, и по триумфот на тетовци во Охрид кај Воска.
Еве како изгледа табелата по 17.коло во нашата ПМФЛ:
Шкендија 36, Силекс 34, Гостивар 34, Работнички 34, Струга ТЛ 29, Шкупи 19, Пелистер 19, Брера 19, Беса 13, Вардар 13, Воска 12, Тиквеш 11…