Евро 2024: Хрватска и Србија заминуваат дома, Црна Гора нанижа три победи

139

Во вечерашните директни пресметки за место во втората фаза на жанеското европско ракометно првенство, селекциите на Швајцарија и Германија обезбедија многу важни победи и си го визираа своето место во продолжението на континенталниот шампионат. Германките славеа убедливо над Исланд со 30:19 и успеаја да дојдат до втората позиција на табелата во групата Ф, додека селекцијата на Хрватска не успеаја да слави во одлучувачкиот меч со Швајцарија (22:26) и со само еден бод ќе мора да го заврши учеството на првенството.

Црна Гора вечерва немаше тешка задача да ја совлада и Чешка (28:21) и со максимални три победи да им се приклучи на селекциите кои веќе обезбедија место во следната рунда.

Во попладневната сесија, репрезентациите на Србија и Романија одиграа интересен натпревар, во кој Романките триумфираа со 27:25 и ја испратија Србија дома. За пласман понатаму на Србијаи требаше победа и тоа со најмалку 6 гола разлика, но тие не успеаја ниту да го добијат овој меч и со три порази се простија од натпреварувањето.

Холандија во групата Ф со третата победа, овој пат над Украина со 43:23 го потврди првото место. Исто како и Холандија, репрезентацијата на Данска во групата Д го освои првото место по победата над Фарски Острови со 33:24.

ПретходноАБА 2: Работнички рамноправен само едно полувреме на гостувањето кај Сутјеска
СледноШортс со ново МВП издание за нова победа на Париз