Со својот четврти погодок сезонава во Првата лига на Бугарија, македонскиот репрезентативец Марио Илиевски и донесе победа на екипата на ЦСКА 1948 во мечот со Септември Софија.
Денеска во дуелот од 18. коло, Илиевски погоди уште во 9. минута за водство од 1:0, а до крајот домашните постигнаа уште еден гол за конечни 2:0. Екипата на ЦСКА 1948 моментално се наоѓа на 9. место на табелата.