Вистински хаос предизвика престојот на Новак Ѓоковиќ деновиве во Аргентина, поточно во Буенос Аирес каде најдобриот тенисер во историјата одигра егзибициски меч со Дел Потро на официјалното простување на славниот Аргентинецот од тенисот. Поточно од играчката кариера.
Претходно беше специјален гостин и на финалето на Копа Либертадорес каде ја доби честа да го донесе пехарот на теренот во пресрет на стартот на натпреварот.
Јасно е дека каде е Новак таму се и новинарите, а покрај другото Србинот доби и едно навистина тешко прашање од една аргентинска новинарка:
„Ти си навивач на Реал, зарем не? Може ли да те прашам, Роналдо или Меси?“
А еве што одговори Новак:
“ И двајцата. Морам да кажам дека ми се допаѓа како играат и двајцата“.
“I met the goat of tennis Novak Djokovic and asked him who’s the goat of football”
Nole never disappoints 😅❤️pic.twitter.com/Iooxz53a3q
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) December 1, 2024