Со конечен резултат од 128:102 тимот на Чикаго ја забележа најјубедливата победа синоќа во НБА лигата. Совладан е тимот на Бруклин. Во најсилната кошаркарска лига на светот се одиграа само четири мечеви, а конкретно на овој блесна уште еден играч од Балканот. Се работи за Никола Вучевиќ кој имаше дабл дабл учинот со 21. поен, десет скока и три асистенции. Веднаш до него рукито од Литванија, Матас Бузелис со 20 коша, а со трипл дабл учинок од 20 поени 13 скока и 11 асистенции мечот го заврши Џош Гиди.
Лејкерски не можеа ништо во Минесота
Минесота пак на свој терен далеку подобра од Лејкерски обезбедувајќи триумф од 109:80. Џулиус Рендл со 18 поени, пет скока и три асистенции водечки кај домаќините, за кои Руди Гобер пак стигна до 17 поени и 12 скока.
Резултати:
Атланта – Њу Орлеанс 124:112
Бостон – Мајами 108:89
Чикаго – Бруклин 128:102
Минесота – Л.А.Лејкерс 109:80