Шифрин паузира еден месец

28

Најдобрата скијачка на светот, Микаела Шифрин ќе паузира еден месец по страшниот пад на една од првите трки сезонава во Килингтон, САД.

Таа се здоби со повреди во абдоменот, и среќа е што мина и со волкава пауза, затоа што со оглед на падот истиот можеше да предизвика далеку посериозни последици.

Шифрин изминатиот викенд ја бараше стотата победа во Светскиот куп но загуби рамнотежа и со сериозна брзина се заби во заштитната ограда.

„Буквално имам рана во абдоменот и прилично сериозна мускулна руптура. Стартувам процес на рехабилитација и се надевам дека наското ќе можат повторно да застанам на скии. Паузата ќе трае неколку недели“  – објави Шифрин.

Претходно17. коло ПМФЛ шампионат: Дербито на врвот за Гостивар и Силекс
СледноТен Хаг ќе му биде тренер на Елмас!?