Медиумите во Италија на големо пишуваат дека искусниот тренер, Масимилијано Алегри ќе има нов ангажман. И тоа не било каде туку во Премиер лигата. Екс тренерот на Милан, Каљари и Јувентус, е во преговори со Астон Вила.
Тимот кој одлично ја почна сезоната, но потоа резултатски колабираше, очигледно дека е подготвен за менаџерска смена. Унаи Емери се досега ја имаше довербата на менаџментот на клубот, но очигледно дека првите луѓе на Вила, имаат и резервен план.
Вила во моментов е на 12. место на табелата, а последната победа ја имаше во октовмри против Фулам. Доколку вечерва Астон Вила не победи против Брендфорд, многу веројатно дека Алегри ќе го фати првиот авион за Британија.