Кошаркарите на Денвер успеаја да победат против Голден Стејт Вориорс, конечниот резултат на натпреварот гласеше 119:115. Дуелот беше полн со пресврти, а навивачите на Денвер немаа мир на трибините поради многу променливата игра на нивниот тим во текот на целата средба.
Сепак, еден играч одигра брутална партија, а тоа секако е феноменалниот Никола Јокиќ. Србинот против Голден Стејт Вориорс постигна 38 поени, а имаше и десет скока, шест асистенции и пет украдени топки. Тоа беше негов трет натпревар во кариерата со најмалку 35 поени, 10 скока, пет асистенции и пет украдени топки или блокади, а само Лери Бирд и Џејмс Харден имаа толку многу пред него.
Зад Јокиќ беше Портер со 22 поени и 7 скока, додека Гордон имаше 15 поени и 9 скока.
Првата четвртина донесе предност за тимот на Денвер, но после тоа во вториот дел од играта имаа заостанување од повеќе од десет поени. Третата четвртина беше многу подобра за нив, па во еден момент стигнаа до предност од осум поени, а резултатот беше 81:73.
Последниот период повторно изобилуваше со пресврти, во еден момент гостинската екипа имаше предност од дури 109:98 и прашање беше дали кошаркарите на Денвер можат да се вратат во мечот. На сцена настапи Јокиќ, кој практично сам направи пресврт.
Во директната пресметка со Кари, Никола Јокиќ беше подобар бидејќи Американецот постигна 24 поени, а имаше и седум скока и 11 асистенции.
Резултати:
Кливленд – Вашингтон 118:87
Детроит – Милвоки 107:128
Шарлот – Филаделфија 104:110
Њујорк – Орландо 121:106
Торонто – Индијана 122:111
Оклахома Сити – Јута 133:106
Далас – Мемфис 121:116
Феникс – Сан Антонио 104:93
Денвер – Голден Стејт 119:115
Сакраменто – Хјустон 120:111
ЛА Клиперс – Портланд 127:105