Арсенал го “реши“ Јунајтед на Аморим!

310
0

Во дербито на 14.коло во Премиер-лигата, вечерва на “Емирејтс“ во Лондон, Арсенал со 2:0 го “реши“ Манчестер Јунајтед. Ова е првиот пораз на новиот стратег на Јунајтед, Рубен Аморим.

Реално домашната екипа и тоа како заслужи да победи, да ги освои трите бода со кои сега заедно со Челзи е на -7 бода во однос на лидерот Ливерпул.

Стрелци на головите беа Тимбер во 54.минута и Салиба во 73.минута.

Ова беше и прв тренерски дуел на Артета и Амори и него го доби Шпанецот. Интересно, и двата гола паднаа од прекин, она што веќе е спеицијалност на Арсенал.

Вечерва играа и Астон Вила и Брентфорд, а победија домашните со 3:1. Стрелци на головите беа Роџерс, Воткинс и Кеш за Вила а за гостите стрелаше Дамсгард.

Претходно“Кралевите“ со пораз во Билбао, Мбапе промаши пенал! Слават и Баскија и Каталонија! (ВИДЕО)
СледноСтоле брани и Валенсија победува, Џирона без Миовски елиминирана во 1/32 финалето во Копа дел Реј!