Вонредно собрание во Барселона по повод мега дилот со „Најк“

259

Каталонскиот гигант Барсрелона свика вонредно собрание на 21 декември, а тема на истото ќе биде мега договорот за спонзорство од „Најк“ кој е на масата.

Најавата е дека Берселона и „Најк“ ќе ја продолжат соработката до 2038 година со овој дил, со што ќе се „зацементираат“ четириесет години заедничко работење.

Иако нормално, финансиските детали од договорот клубот никогаш нема да ги објави, сепак јавноста во Каталонија вели дека  за целиот четиринаесет годишен период Барселона ќе инкасира вкупно 1,7 милијарди евра.

Истиот ќе има два дела. Првииот до 2028 година, кога истекува актуелниот договор, а другата ги опфаќа преостанатите десет години од новиот договор. Во првиот период растот на приходите од американскиот концерн во однос на претходните параметри ќе изнесува 45 мил. евра по сезона, а од 2028 година каталонците ќе добиваат 60 мил. евра повеќе од сега.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Големо македонско знаме на арената “Тодор Проески“ во Скопје!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Алпарслан Ердем (Шкупи)