Кошаркарската федерација на Македонија своето редовно годишно собрание ќе го има на 18 декември. Истото ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.
Околу дневниот ред и текот на собранието секако дека јавноста дополнително ќе биде известена, а како што е тоа обичај за спортските федерации на ваквите годишни собранија се прикажува, а потоа и појаснува годишниот извештај за сработеното, во случајов за 2024 година.
Нормално е секако да стане збор и за резултатите на репрезентациите од сите категории, за работата на селекторите, како и за начинот на функционирање на домашниот шампионат, од сите конкуренции.