Македонската женска ракометна репрезентација со скор од реми и два порази го заврши Европското првенство кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија. На крајот по комплетирањето на групната фаза, Кристијан Грчевски и неговите избранички го освоија 18-то место во конкуренција на 24 земји. Нашите ракометарки заврши зад Фарски Острови, кои на овој шампионат успеаја да дојдат до првите историски бодови на едно големо натпреварување.
Во крајниот поредок на земјите кои ги спакуваа куфери, Македонија е пред Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина и Словачка, додека зад веќе ги споменавме Фарски Острови, Исланд, Чешка, еден од домаќините – Австрија и Шпанија.
Најверојатно 18-та позиција нема да биде доволна за да ракометарките се најдат во првиот шешир пред ждрепката за Светското првенство 2025 година.