Македонскиот национален тим во моментов оди во нагорна линија што се однесува до резултатите. Одигравме речиси перфектна Лига на Нации, се искачивме скалило погоре во рангирањето во ова натпреварување, а сега чекаме на 13 декември ждрепка за следните Европски квалификации.
Во моментов составот е тој што би рекол нашиот селектор Благоја Милевски, но од друга страна секогаш има можност да се појави новитет. Дали од играчите кои веќе ни се добро познати, а влегле во добра натпреварувачка форма, или пак дијаспората повторно ќе не изненади со некаков новитет.
Овојпат Спортспорт, се решава на фудбалската јавност во Македонија да и го претстави Милан Илоски. Македонец кој што ни доаѓа од САД, а од сезонава со успех настапува за тимот на Нордсјиланд од Данска.
Се работи за напаѓач кој веќе сезонава постигна два гола во шампионатот, а погоди и во подготвителниот период. Илоски е момче кое што во моментов има 25. години и ова му е прво искуство во Европа. Претходно беше дел од колеџ лигата во САД, а настапуваше уште и за екипите на Реал Солт Лејк Сити, односно Оринџ Каунти СЦ.
Одлично се снаоѓа на позициите централен напаѓач, но и крилните позиции не му се непознаница.
Неговиот постар брат, Брајан Илоски беше своевремено прозван за еден од најголемите фудбалски таленти во САД. Најпрво беше изрбан во Најк академијата во ТОП десет талентите, но неговата кариера не се одвиваше според очекувањата. Беше дел и од ЛА Галакси, имаше епизода и во Европа, во Легија Варшава.