Нено пред вечерашниот дуел со Ц. Звезда: Теодосиќ е мојот идол! Се наежив од атмосферата во Арената во Белград!

129

Вечерва од 20.30 часот во Милано, во меч од 13.коло во Евролигата, Олимпија Милано и нашиот Ненад Димитријевиќ ја чекаат Ц. Звезда. И јасно кога игра Нено против некој српски клуб, тогаш тој е главен за изјави.

Па така за “Меридианспорт.рс“ даде поголемо интервју во пресрет на вечерашниот меч.

Нено не крие дека едвај чека да почне мечот и вели дека ќе му биде чест да игра против неговиот идол Милош Теодосиќ:

Тој не е еден од неколкуте, туку тој ми е едиствен идол. Теодосиќ е единствен играч против кого сум играл а да сум кажал „вау, навистина е тука“. Го следев постојано каде и да игра и секогаш се воодушевував од неговите настапи“ вели Нено.

За самиот меч истакна:

Очекувам доста тежок натпревар. Ц. Звезда игра сериозна кошарка, тоа го покажааа и против Баерн. Сериозна екипа како во одбраната, така и во нападот. Сепак јас се надевам дека ние сме спремни со цел да го одбраниме домашниот терен“.

На прашањето како беше чувството да се игра против Партизан пред преполната Арена, Нено одговори:

Беше преубаво, сепак не одиграв како што треба, па затоа и во второто полувреме не ни влегов на терен. Самата атмосфера беше спектакуларна, кога беше потфрлањето се наежив. Се надевам дека повторно ќе имам можност да заиграм таму“ рече покрај другото македонскиот репрезентативец и член на Олимпија Милано.

ПретходноКоментар на 17.коло: Ни Струга ТЛ не е таа што беше! Кога пеналот не е пенал на Маџари…
СледноФлорент Рамадани: Среќен сум што моите голови носат бодови за Шкендија!