Пелистер го има пленот, а Митревски е ѕверот!

477
0

Пелистер го дерби дуелот со Висла за шестото место во групата Во последниот домашен меч за оваа година во Лигата на шампионите, битолчани славеа со 21-18. Главна причина за овој триумф е Никола Митревски, кој беше фантастичен во второто полувреме, зад неговото име запиша 13 интервенции (девет од нив во вториот дел). Следниот натпревар во ЛШ битолчани го играат во февруари против Спортинг на гостински терен, на паузата заминуваат со скор од две победи, реми и шест порази.

Кузмановски беше прв стрелец со седум гола од 12 обиди, зад него беше Тајник со четири погодоци. На другата страна Зарабец имаше шест гола.

Првото полувреме ги оправда сите очекувања дека ова ќе биде дерби пресметка во групата А. Гостите отворија со 0-1, следеше одговор на другата страна за 3-1. Минута подоцна Пелистер повторно зголеми на плус два (5-3), но Висла брзо се врати во ритам, дојде на 6-7, период во кој актуелниот македонски првак шест минути не постигна гол. Пред крајот на првото полувреме капитенот, Филип Кузмановски со два гола, последниот во негов стил, зголеми на 12-10.

Вториот дел беше чуден, но во корист на актуелниот македонски првак. За 16 минути резултатот беше 3-1 во корист на Пелистер.

Серијата од крајот на првото продолжи на стартот на второто полувреме, со фуриозни минути во кои Митревски запиша две одбрани, а на другата страна Мохамед и Кузмановски (два гола) реализираа за најголеми плус пет (15-10) во 35 минута. На другата страна Висла после десет минути земјаќи го во предвид и периодот од првото полувреме успеа да постигне гол за 15-11. Следеше нова криза во редовите на битолчани, но тоа не се одрази на резултатот, бидејќи Висла беше очајна (во 16 минути само еден гол), а Митревски беше фантастичен и тоа во период кога неговиот тим остана со двајца играчи помалку кога неговиот тим цели 10 минути беше без постигнат гол.

После 12. минути конечно Пелистер ја затресе мрежата на противникот, Кузмановски повторно беше херојот на својот тим за 16-11. Во продолжение и двата тима излегоа од кризата и во салата „Боро Чурлевски“ видовме нешто подобар ракомет. Висла дојде на три гола 18-15, па 19-16 на пет минути до крајот. Радивојевиќ од седум метри постигна важен гол за својот тим за 20-16. На другата страна гостите брзо реализираа за 20-18 во 58. минута, но Пешевски ја најави победата за 21-18. Немаше време за изненадување, Митревски запиша нова одбрана, а македонскиот првак сосема заслужено се радуваше на бодовите бидејќи одигра добар меч.

ПретходноМЗТ Скопје едвај го победи Тиват на гости!
СледноИ Сити победи, ЛУДИЛО на “Сент Џејмс Парк“, Челзи си гази!