И покрај најавите дека ќе дадат се од себе и дека и тоа како ќе се обидат да одиграат квалитетно, доцна попладнево на гости кај Широки Бријег, кошаркарите на Пелистер во меч од 5.коло во групата Ц во АБА2, лигата претрпеа вистинска катастрофа.
Широки – Пелистер 93:73 е епилогот од овој натпревар кој битолчани со право треба што побргу да го заборават.
Со овој пораз битолчани и дефинитивно ги загубија сите шанси да направат продор оваа сезона во АБА2.
Освен во првата четвртика кога колку – толку се држеа резултатски, ја загубија со 24:23, се понатаму беше вистински ужас за Пелистер.
Домашните вториот период го добија со +13 поени, третиот со +10 и тоа беше тоа за нашиот тим на оваа средба. Дури во четвртата четвртина кога домашните се опуштија Пелистер нешто одигра и го доби овој период со 14:18 за конечен пораз од -20 поени.
Најефикасен на мечот беше Едвардс од Пелистер со 20 поени, додека Бојиќ постидна два помалку.
Кај домашните најмногу поени забележа Планиниќ, 18.