Пелистер и МЗТ Скопје без право на грешка во АБА2-лига!

87

Пелистер и МЗТ Скопје денеска продолжуваат со мечевите во АБА2-лига, и двата тима немаат право на кикс доколку сакаат да се најдат во следната рунда. Битолчани играат на гости кај Широки (18 часот), додека пак актуелниот македонски првак ќе ги одмери силите со Тиват, исто на гостински терен. Математика за продолжување на битката во ова натпреварување постои, но и двата тима треба да одиграат меч без грешки.

Пелистер е четвртти во својата група Ц, има четири бода исто колку и денешниот противник Широки, бодовите ќе бидат значајни и за двата тима, откако претходно Џокер заврши работа и за двете екипи.

„Овој натпревар е „да се биде или не“ за нашиот состав. Се наоѓаме во криза веќе извесен период и овој дуел е добра шанса да го поправиме впечатокот. Со победа против Широки ни се отворени шансите завтор круг, тоа е најдобар можен мотив. Потребна ни е максимална пожртвуваност и фокус во текот на сите 40 минути, агресивна одбрана со која нема да му дозволиме на домаќинот да влезе во ритам“, изјави Бобан Стајиќ.

МЗТ Скопје пак е трети, додека Тивар е најслабиот тим во групата А. Победа за македонскиот првак ќе значи останување во игра за второто место, а што ќе треба да направи во последното коло ќе зависи од дуелот меѓу Хелиос и Цедевита, кој се игра со почеток во 18 часот.

„Победата ни е императив, но тоа не значи дека нема внимателно да влеземе во натпреварот. Секој ривал заслужува респект, така ќе биде и со Теодо. Мора да одиграме внимателно и плански, а ако го направиме тоа тогаш ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е освојување на двата бода“, изјави Васко Атанасов, тренерот на МЗТ Скопје. 

ПретходноЈувентус ги расчисти дилемите – нема да тргне по дефанзивецот на Ал Хилал
СледноМилан Илоски од Нордсјиланд новитет за Македонија (ВИДЕО)