Познат е единствениот трансфер на Барселона кој би можел да се случи во јануари!

192

Единствениот трансфер на Барселона во јануарскиот прозорец би можел да биде Ансу Фати, тврди шпанскиот весник „Спорт“.

22-годишниот фудбалер уште еднаш се мачеше со повреди и не добива значителна минутажа, па ако сака да ги напушти Каталонците и да се упати во друг тим на позајмица во потрага по повеќе можности, ќе добие зелено светло.

Една од опциите за Фати е Севиља, но не е јасно како неговата последна повреда ќе влијае на клубовите кои се заинтересирани за него.

Ансу Фати има повреда на мускулот на десната нога од средината на ноември и се очекува да биде надвор од теренот околу 4 недели.

ПретходноЈанкуловска го има вториот најбрз шут после групната фаза на ЕП
СледноКомпани: Елиминацијата боли, но тимот покажа карактер!