Вечерва ширум Шпанија се играа повеќе мечеви во рамките на 1/32 финалето на Копа дел Реј. Столе повторно доби шанса да биде стартер во ова натпреварување и неговата Валенсија со него на голот успеа да слави на гости кај нисколигашот Ехеа со 1:3. Стрелци на головите за Валенсија беа Кордоба, Гомез и Мир.
Да се надеваме дека наскоро тренерот Рубен Бараха ќе му даде шанса на Македонецот, кој до пред некој месец важеше за еден од најдобрите голмани во Шпанија и на мечевите во Ла Лига.
Џирона пак, исто во 1/32 финалето во Копа дел Реј, е елиминирана од Логронес на гости и тоа по изведувањето на пеналите. Веднаш да кажеме дека Џирона на овој меч настапи без Македонецот Бојан Миовски, кој не беше ни во записникот. Веројатно тренерот Мичел комбинираше со составот, но погреши.
Логронес – Џирона по продолженијата беше 0:0, а во пенал – серијата домашните беа подобри и се пласираа во 1/16 финалето.
Штета ако се знае дека во првото коло во Копа дел Реј, Миовски против Екстрамадура постигна два гола.