ТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Демири потсети на своите најдобри денови

276

Работички вчера со 1:3 на гости кај Брера како да си се “прошета“ низ Струмица. Убава, доминантна игра и убедлива победа. А својот одличен настап со прекрасен гол со “ножички“ го зачини искусниот офанзивен бек, кој може да игра и во средниот ред, Бесир Демири. Токму затоа според „СпортСпорт“ тој е и играч на ова 17.коло. Демири потсети на своите најдобри денови од времето кога играше за Вардар и Шкендија, во златното доба на овие два клуба, а и беше член на онаа славна генерација У-21 на Македонија која настапи на ЕП за младинци во 2017.

Покрај него во тимот на колото од Работнички се и Мазари, Гандо и Аломеровиќ, потоа Асани, Гуеје, Рамани (Шкупи), Ф. Рамадани и Цаке (Шкендија), голманот Тасев (Тиквеш), Ивановски (Пелистер).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БЕСИР ДЕМИРИ

Тим: Работнички

Роден: 01.08.1994 во Скопје

Кариера: Шкупи, Шкендија, Вардар, Мариупол, Жилина, Динамо Тирана, Кукс, Гњилане, Работнички

ПретходноМилан Илоски од Нордсјиланд новитет за Македонија (ВИДЕО)
СледноПерез со ладен туш за Ливерпул откако „црвените“ се обидоа да „ќарат“!