По серијата лоши резултати и слаби игри, вчера во меч од 17.коло во ПМФЛ, Шкупи покажа и тоа како дека има сила, има квалитет и дека знае да одигра како што треба. Чаирачани на својот стадион ја победија Струга ТЛ со 3:1, одиграа навистина добро и квалитетено и со стил ги освоија тие три бода и ја прекинаа црната серија.
Кога е така, а така е, тогаш јасно е дека стратегот на Шкупи, Алпарслан Ердем со право треба да го добие признанието – тренер на 17.коло.
Ова е според “СпортСпорт“. Се разбира дека вкусовите се различни, според некои тоа требаше да биде Горан Станиќ од Работнички, ама да се победи шампионот и тоа убедливо, е тоа нешто значи. Затоа нашиот избор е Алпарслан Ердем.