Вчера во меч од 17.коло во Охрид, Шкендија со 0:1 славеше кај Воска и со тоа си го врати лидерското место на табелата во ПМФЛ. Интересно, и овојпат за Шкендија стрелец на победничкиот гол беше играчот за врска на тетовци Флорент Рамадани.
“За нас беше многу важно да победиме на овој натпревар, без разлика кој ќе даде гол. Трите бода остануваат важни и одиме напред. Одигравме тактички добар натпревар, добро го опфативме целиот терен, сите играчи дадоа максимум, додека јас сум среќен што мојот гол ги донесе трите бода“ истакна Рамадани за сајтот на Шкендија.
24-годишниот фудбалер не го крие задоволството што неговиот гол го реши вториот натпревар по ред како гостин:
„Дефинитивно сум среќен, тоа се 6 важни бода од два тешки меча, на тежок терен за игра во Охрид и на многу ниски температури во Битола. Но, успеавме да дојдеме до шест бода со двата мои гола и ќе бидам многу среќен доколку овие победи на крајот ни помогнат да станеме шампиони“.