Вчера екипата на Милан покажа дека сезонава знае да одигра и повеќе од добро, а тоа се покажува и по резултатите. Во рамките од купот на Италија, на домашен терен е совладан тимот на Сасуоло со фантастични 6:1.
Тренерот на „Миланезите“, Пауло Фонсека имаше полна уста пофалби за своите избраници кои во голем стил обезбедија 1/4 финале во ова натпревеарување.
„Ова беше многу добар натпревар, првото полувреме беше одлично. Исто така ни овозможи да одмориме некои играчи. Имам многу позитивни работи да кажам. Пристапивме на натпреварот многу сериозно и среќен сум од односот на играчите. Отсекогаш сум велел дека имам верба во овие играчи, па затоа сите добиваат шанса да настапат во секој момент“, изјави Фонсека.
“Пред натпреварот реков дека на овие натпревари не треба да се опуштиме. Важно беше да започнеме силно и со голем интензитет. Да се освои топката брзо, да се притисне високо и играчите го направија токму тоа. Во минатото имавме проблеми од погрешен пристап на дадени средби со помали тимови, но денес покажавме напредок и резултатот го покажува тоа јас сум одговорен за се што се случува во тимот, па ако пристапивме со погрешен став, вината за тоа. ова е мое“, додаде Португалецот.