ФОТО НА КОЛОТО: Големо македонско знаме на арената “Тодор Проески“ во Скопје!

404

По сите оние настани од пред неколку дена кога се палеше и бербатеше државното, македонското знаме, вчера убав потег на ФК Вардар. Имено на Северната трибина на арената “Тодор Проески“ во Скопје, веднаш до ложата, беше поставено големо македонско или државно знаме. Се разбира, како по обичај кога Вардар е домаќин, се интонираше и државната химна.

Убаво чувството кога некој го почитува своето знаме, ја почитува државата во која живее и работи, во која е роден.

Ах, да, ова се случуваше на средбата од 17.коло меѓу Вардар и Тиквеш која на крајот заврши со резултат 1:1.

ПретходноОд 2026 година нема да се вози Формула 1 во Холандија
СледноВонредно собрание во Барселона по повод мега дилот со „Најк“