Готово е. Лоша вест за сите во таборот на МЗТ Скопје и тоа пред да започне мечот со Тиват кој во моментов се игра. Имено составот на Хелиос е поразен на свој терен од Цедевита во меч од групата во која е и нашиот првак во АБА2, и тоа со 78:80.
Ваков исход на овој натпревар за МЗТ Скопје никако не одговара, па со тоа по Работнички и Пелистер, и третиот наш претставник оваа сезона во АБА2 ги загуби сите шанса за понатамошен пласман во ова натпреварување.
Хелиос имаше резултатска позитива, но така беше се до последната четвртина кога Цедевита одигра фантастично и успеа да го добие мечот со, како што веќе нагласивме, 78:80 и со тоа ги урна сите надежи на “металците“.