Сензационална, па и шокантна вест денеска од Франција. Како што пренесуваат медиумите во таа земја, емирот од Катар, Хамад Ал Тани, е блиску до одлука да го продаде ПСЖ, односно да го продаде мнозинскиот дел од акциите на клубот од Париз.
Откако Катарците во таа 2011 година влегоа во ПСЖ со многу пари, а се троши и тоа како, се чини дека сега е време се освестување. Клубот секоја година продуцира загуби а освен титулитево Лига 1 нема позначајни успеси во ЛШ освен едно финале во таа 2020 година кога беше поразен од Баерн Минхен.
Дали ова значи дефинитивен крај за ПСЖ како гигантски клуб останува да се види.
Исто така се пренесува дека по завршувањето на СП во Катар 2022 година, опаднал интересот за фудбал кај инвеститорите, односно опаднал интересот за нови вложувања. Целта е што побргу да се намалат загубите.
Барем според пишувањето на медиумите во Франција.