Јанкуловска го има вториот најбрз шут после групната фаза на ЕП

71

Ако зборуваме за иднината на македонската женска ракометна репрезентација по завршувањето на ова Европско првенство, тогаш во преден план е 19-годишната Марија Јанкуловска.

Левиот бек покажа дека има потенцијал да прерасне во лидер на нашиот најдобар национален тим, во неа ја има потребната дрскост и талент, кој треба да се негува во иднина. Јанкуловска се најде на радарот на ЕХФ, беше забележа поради потенцијалот со кој располага.

Таа евро-шампионатот го заврши со девет гола, а еден од нив се најде во Топ листата на најбрзи шутеви. Јанкуловска е на второто место, брзината која е измерена е 107.7 км на час.

Првото место и припаѓа на репрезентативката на Португалија, Гомеш, ЕХФ измери дека шутирала со 109 км на час.

Во оваа листа се најде и Ива Младеновска, таа е 16-та со 102.7 км на час.

ПретходноХрватска заврши зад Македонија, Обрван порача: Животот продолжува!
СледноПознат е единствениот трансфер на Барселона кој би можел да се случи во јануари!