МЗТ Скопје едвај го победи Тиват на гости!

98

Иако пред почетокот на мечот против Тиват, за кошаркарите на МЗТ Скопје стигна лоша вест – згасна сонот за пласман во следната рунда во АБА2-лига бидејќи Цедевита славеше над Хелиос на гостински терен, сепак одиграа победнички. Избраниците на Васко Атанасов славеа со 65-70 за само втора победа во ова натпреварување. Во последното коло актуелниот македонски првак игра против Цедевита на домашен терен.

МЗТ Скопје одигра одлично во првата четвртина која ја доби со 7-30 и се чинеше дека ова ќе бидат лесни бодови, но вака не размислуваше противникот, кој полека но сигурно се врати во дуелот.

Домаќинот во следниот период беше подобар со 28-15 за 35-45 на одморот. Следеше скромна трета четвртина, во која домаќинот постигна 11 поени, додека македонскиот тим само осум. Лошата серија на МЗТ Скопје продолжи и во одлучувачките 10 минути во кои Тивар за четири минути направи серија од 11-3 за 57-56.

Слај и Баковиќ со по 14 коша беа први стрелци, зад нив со 12 поени беше Дамјан Стојановски.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноМедиумите во Италија: Бове веројатно никогаш повеќе нема да игра фудбал!
СледноПелистер го има пленот, а Митревски е ѕверот!