Хрватска заврши зад Македонија, Обрван порача: Животот продолжува!

438

Ниту Хрватска, ниту Србија не се прославија на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Двете репрезентации се спакуваа по завршувањето на групната фаза, и двете репрезентации завршија зад македонската женска ракометна репрезентација.

Хрватска е 19-та веднаш зад Македонија, додека пак Србија е 21. По поразот од Швајцарија, поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација, а сегашен на женскиот национален тим на Хрватска, Ивица Обрван порача дека резултатот не е изненадување. Хрватска заврши последна во групата со скор од реми и два порази.

„За вистинските познавачи на ракометот, а кај нас ги нема премногу, овој резултат не треба да биде изненадување. Имавме шанси, но Швајцарија е дома, има екипа која е долго време заедно. Жал ми е што сме на 5:5 почнавме да грешиме, да промашиме зицери…

Швајцарија направи голем плус, но јас верував дека можеме да се вратиме во игра. Кога ќе добиете големо водство, не е лесно и не успеавме. На крајот заслужена победа на Швајцарија. На овој тим му треба повеќе работа, тренинзи, се виде дека има потенцијал…Тие не бараа алиби, ние се надевавме на успех. Животот продолжува“.

ПретходноМакедонските ракометари го освоија 18-то место на Европското првенство!
СледноЈанкуловска го има вториот најбрз шут после групната фаза на ЕП