Денеска стартуваше главна рунда на ЕП 2024 за жени. Во меч од групата-2, кој се одигра во Виена, ракометарките на репрезентацијата на Германија немаа никакви проблеми против Швајцарија и славеа победа со 36:27. Ова за Германките се првите два бода во групата, па со тоа ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето.
Хауф со шест голови, а Смитс и Гријселс со по пет беа најефикасни кај победничката селекција, додека кај Швајцарките забележителен настап имаше Шмид со осум погодоци.
Во исто време во Дебрецен, во меч од групата-1, селекцијата на Шведска дојде до убедлива победа против ракометарките на Полска и тоа со резултат 33:25.
И за Швеѓанките ова се првите два бода во главната рунда на ова ЕП.
Хангман со 9 голови беше незапирлива кај победничката селекција, додека кај Полска, Кобилинска постигна шест голови со што беше најефикасна.