Пелистер зачекори кон пласманот во осминафиналето во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на домашен терен го доби дуелот за шестото место против Висла Плоцк (21-18) во рамките на 10. коло во ова натпреварување.
Еден од главните лидери во редовите на битолскиот тим беше Никола Митревски. Искусниот репрезентативен голман запиша 13 одбрани, девет во второто полувреме, кои се покажаа како клучни за големата победа.
Во кризните офанзивни моменти, Митревски не и дозволи на Висла да се врати. Зад неговото име запиша и две одбрани од седум метри, една од нив ЕХФ ја одвои по завршувањето на првата рунда на мечеви од 10. коло.
Уживајте…
View this post on Instagram