Одредени групите за првото Светско клупско првенство: Манчестер Сити во иста групата со Јуве

519

Денеска во Мајами се одржа ждрепката за Светското клупско првенство во 2025 година. Турнирот првпат ќе се одржи во нов формат, а на него ќе учествуваат 32 клуба, кои во првата фаза беа поделени во 8 групи. Екипите од иста земја не се најдоа во исти групи, но ждрепката сакаше некои европски и јужноамерикански гиганти да се најдат во исто друштво.

Особено интересни изгледат групите „Г“ и „Х“ каде не очекуваат неколку супер-интерени пресметки. Во групата „Г“ се најдоа Манчестер Сити и Јувентус, додека во групата „Х“, европскиот првак Реал (М) ќе се сретне со еден од најдобрите саудиски клубови Ал Хилал, но и со австриски Салцбург.

Светското клупско првенство ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година.

Група А: Палмеирас (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД)

Група Б: ПСЖ (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл Саундерс (САД)

Група Ц: Баерн (Германија), Оукленд Сити (Нов Зеланд), Бока Јуниорс (Аргентина), Бенфика (Португалија)

Група Д: Фламенго (Бразил), Есперанс (Тунис), Челзи (Англија), Леон (Мексико)

Група Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Монтереј (Мексико), Интер (Италија)

Група Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан Хјундаи (Јужна Кореја), Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка)

Група Г: Манчестер Сити (Англија), Видад (Мароко), Ал Аин (ОАЕ), Јувентус (Италија)

Група Х: Реал Мадрид (Шпанија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), Ред Бул Салцбург (Австрија)

ПретходноЅвездата на Милвоки Бакс, конечно, утревечер се враќа на терен
СледноМеси во Мајами на отворањето на Светското клупско првенство против Ал Ахли