Откако и официјално сега се знае дека одложената средба, поради катастрофалните поплави, меѓу Валенсија и Реал Мадрид е закажана за 2 јануари, тренерот Карло Анчелоти доби нови главоболки. Имено “кралевите“ ги чека пекол во првиот месец од 2025 година, од 2 до 29 јануари ќе одиграат девет натпревари, од кои две во Саудиска Арабија.
Тоа му доаѓа дека Реал Мадрид на секој три дена ќе треба да игра по еден официјален меч, што секако дека е многу напорно, ако се знае дека во некои други земји од ТОП – 5 лигите, во тој период ќе има кус одмор.
Еве го распоредот на Реал Мадрид за јануари:
02.01-Валенсија (Ла Лига)-гости
05.01-1/8 финале (Копа дел Реј)
09.01-Мајорка 1/2 финале (Суперкуп Шпанија)-С.Арабија
12.01-финале (Суперкуп Шпанија)-С. Арабија
15.01-1/4 финале (Копа дел Реј)
18.01-Лас Палмас (Ла Лига)-дома
22.01-Салцбург (Лига Шампиони)-дома
25.01-Ваљадолид (Ла Лига)-гости
29.01-Брест (Лига Шампиони)-гости
Ако е нешто добро тоа е дека против дел од овие клубови Реал Мадрид може и со резервниот состав да победи.