Перез: Колку пати да кажам дека и следната година ќе возам за ред Бул?

177

Серхио Перез не попушта пред гласните озборувања за негово заминување од Ред Бул. Во последната изјава, тој уште еднаш гласно потврди дека ќе го задржи своето место во тимот и следната сезона.

Во медиумите се зборува дека Серхио ќе го загуби местото како главен возач на Ред Бул, а на негово место во тимот ќе дојде Лиам Лосон. Чеко, пак, е апсолутно уверен дека ќе продолжи да вози за Ред Бул следната година, бидејќи неговиот договор е до крајот на сезоната 2025 година.

„Го зборувам истото цела сезона – и во оваа смисла, ништо не се промени токму сега. Имам договор за следната сезона и следната сезона ќе возам за Ред Бул. Дали сум сто проценти сигурен? Јас веќе одговорив. Немам што повеќе да додадам“, вели Мексиканецот.

ПретходноЌе има пресврт: Баерн (М) е пред потпишување нов договор со Дејвис?
СледноЕвро 2024: Скандинавското дерби за Норвешка, Црна Гора немоќна против Унгарија