Проектот Суперлига е жив! Наводно 60 клубови биле заинтересирани?!

172

Како што пишуваат медиумите во Шпанија, се чини дека Суперлигата како проект е жива. Имено Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Фирмата која работи на овој проект, во последени неколку месеци имала преговори со 100 клубови од кои дури 60 кажале дека и тоа како биле заинтресирани за учество во неа.

Изразито против биле Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн Минхен, што и не е чудно.

Се планира истата да започне во септември 2025 година што е малку веројатно, но и септември 2026 е опција.

Исто така се планира во првата дивизија да земат учество 16 клубови од најсилните лиги во Европа. Потоа да има втора дивизија со исто 16 клубови и трета дивизија со 32 клубови од која 20 ќе испаѓаат.

Интересно е тоа што сега дел од италијанските клубови се враќаат на првичната идеја да играат во Суперлигата, се споменува тука Интер.

ПретходноАтанасов: Горчлива победа!
СледноБрендот на ПСЖ пропаѓа: Без Мбапе, Меси и Нејмар продажбата на дресови за десет пати е помала!