Реал Мадрид загуби од Атлетик Билбао (1:2), со што го претрпе петтиот сезонски пораз во дербито од 19. коло во Ла Лига. При водство на домаќините, во 68. минута Килијан Мбапе имаше пенал, но напаѓачот на Реал повторно не успеа да реализира од белата точка, исто како против Ливерпул во Лигата на шампиони.
Во 78. минута Џуд Белингем израмни за Реал, но две минути подоцна Реал повторно прими гол за пораз. Мбапе продолжи со неубедливи настапи по неговото пристигнување во Реал. Викендов беше стрелец во победата од 2:0 против Гетафе, во која Белингем беше прецизен од белата точка. Сега Французинот се врати во настапот и повторно промаши.
По натпреварот, Мбапе на својот Инстаграм профил објави:
“Голема грешка, преземам одговорност. Ова е тежок момент, но најдобар момент да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум”.
Тој ќе има можност да се искупи во сабота, кога Реал гостува кај Џирона.